Дејан Манасков ќе го напушти Вардар, потврдени шест нови засилувања
На денешната прес конференција новиот извршен директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски потврди дека клубот ќе го напушти левото крило Дејан Манасков.
Препорачано
А покрај Манасков, од претходно е познато дека со „црвено-црните“ се разделија Филип Талески кој ја засили Бенфика и Куни Моралес кој ќе игра за ППД Загреб.
Борко Ристовски и Стојанче Стоилов ги завршија професионалните кариери, а клубот го напуштија и Дутра Фереира и Андреј Добрковиќ.
Се очекува замената за Манасков на позицијата лево крило ќе биде новото засилување од Металопластика Шабац, Марко Срдановиќ.
Потврдено е дека нови играчи на клубот се и Матија Николиќ, Јапонецот Косуке Јасухира, Стефан Петриќ и Нилтон Мело и Ансер Родригез.
На голманската позиција се Мартин Томовски, Васил Гогов, леви крила Марко Срдановиќ и Марио Стојановски, леви бекови Марко Мишевски, Стефан Петриќ, Нилтон Мело и Ансер Родригез, потоа средни бекови Косуке Јасухира, Мартин Карапалевски и Матија Николиќ, засега единствен десен бек е Томислав Јагуриновски, десни крила се Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ и Ален Ќосевски, и пикери Стефан Атанасовски, Милан Лазаревски и Михаил Аларов.


