Дејан Илиев по потписот за Сараево на Босанците им раскажа за соработката со Арсен Венгер и Петар Чех

Фото: FK Sarajevo

Дејан Илиев некогаш беше голманска надеж на Арсенал, но неговата кариера подоцна не се развиваше во насока на која се очекуваше, а од неодамна е нов голман на ФК Сараево од Босна каде што дојде од фински Хелински.

По пристигнувањето во Босна, Илиев одговараше на прашања од новинарите, а интересно е што имаше голем интерес за периодот кој го помина во Арсенал, иако тоа беше одамна.

Илиев објасни како работите се случиле многу брзо и одеднаш од Македонија имал можност да работи со човек како Арсен Венгер.

„Работите се случија многу брзо. Бев во Македонија, а потоа за ден-два се најдов во Лондон. Тренирав во Академијата, а потоа ме префрлија во првиот тим. Тоа беше шок за мене. Горев од желба да се докажам и да бидам уште подобар бидејќи не е лесно да стигнете до таква можност. Венгер на секој тренинг бараше да бидеме на највисоко ниво и да даваме се од себе. Моравме да внимаваме на сите детали“, изјави Илиев.

Илиев доби прашање да го избере најголемиот голман со кого соработувал, а се одлучи за славниот Петар Чех.

„Во Арсенал имав можност да учам од многу добри голмани, тешко е да се избере. Мој идол уште детството беше Петар Чех, го анализирав и следев многу време. Кога дојде во клубот добро се дружевме и разговаравме. Станува збор за интелигентен човек кој сака да напредува и учи“, истакна Илиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот