Дехари упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари упати честитка до сите граѓани од исламска вероисповед по повоd големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

– По завршувањето на светиот месец Рамазан каде што верниците од исламска вероисповест ја покажаа својата посветеност и солидарност за да ги исполнат заложбите и религиозните обврски, доаѓа големиот празник Рамазан Бајрам, пишува Дехари.

Овој празник симболизира разбирање и љубов за сите луѓе, а особено за оние кои се во најтешка социјална ситуација и им треба подадена рака од општеството и државните институции.

По повод овој ден, упатувам искрени честитки за сите верници на муслиманската вероисповест кои живеат во Кичево и секаде во светот, додава Дехари во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот