Дедо му беше политичар кој ги кроеше историјата и светот, а тој сака да биде новиот Џордан

фото: fiba.basketball

Момчето со едно од најславните презимиња, почна да гради кошаркарска кариера.

Во една од најсилните кошаркарски лиги, шпанската АЦБ, минатата недела за екипата на Мурсија дебитираше младиот од Англија со историско презиме, 18-годишниот Ноа Черчил Соренсен.
Поранешниот британски премиер и една од најзначајните личности во 20. век Винстон Черчил е неговиот дедо.
– Моето презиме е прво што се споменува во секој разговор, а многумина мислат дека се шегувам кога се претставувам. Не можат да поверуват дека сум внук на Винстон Черчил – изјави младиот Ноа по дебито за Мурсија.

Тој на дресот не го носи презимето на својот славен дедо, туку пишува Соренсен. Ноа Черчил Соренсен е роден во Данска, и неговото семејство нема допирни точки со политиката.
– Сакав на мојот дрес да пишува Черчил, но делегатите го ставија второто презиме и така остана. Татко ми е електричар, додека единствената врска на мајка ми со политиката е презимето. Ние сме многу обични луѓе – додава Ноа Черчил.

Интересно е што неговиот славен дедо не му е идол, туку тоа е легендарниот Мајкл Џордан.
– Тој е најблиску до идолот што некогаш сум го имал. Но, повеќе сакам да играм отколку да ги гледам другите како играат. Добар шутер сум, знам да креирам за соиграчите – вели младиот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот