Дечињата од Требиште добија новогодишни пакетчиња од Македонско друштво „Илинден”

Македонско друштво „Илинден”-Тирана во соработка со Ракометниот клуб „Енхалон” од Струга и поддршка од Хуманитарна организација „Свети Спас” од Скопје, денеска распределија новогодишни пакетчиња за деца во Требиште, област Голо Брдо, Албанија.

-Посебно задоволство е што можевме да ги израдуваме Македончињата во административната единица Требиште во областа Голо Брдо, каде распределивме 50 новогодишни пакетчиња донација на организацијата „Свети Спас”, за што изразуваме голема благодарност, рече за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Тоа, додава, е во рамки на воспоставената соработка меѓу друштвото и ракометниот клуб од Струга.

Донацијата на администраторот на административната единица Требаше Едмонд Османи му ја предаде претседателот на РК „Енхалон” Дејан Костески.

– Имавме срдечна средба со Костески на која разменивме мислења по повеќе прашања а разговаравме и за други активности кои планираат да ги реализираат. Потоа заедно ги поделивме новогодишните пакетчиња на радост на нашите деца. Им благодарам за покажаното внимание, изјави за МИА, Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот