Децата се најпогодени од економската криза

Фото: Profimedia

Ефектот од кризата најмногу се одразува врз децата. Тие се особено ранливи кога се наоѓаат во домаќинства со повеќе од три деца и каде што нивото на образование на родителите е пониско, покажуваат податоците од студијата изработена од Институтот за истражување и економски политики Фајненс тинк, во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Во 2022 година дополнителни 13.000 луѓе во земјава, од кои 5.000 се деца, се под прагот на сиромаштијата.

Таа проценка, како што изјави Марјан Петрески од Институтот Фајненс тинк, значи дека ефектот од кризата е посилен врз децата отколку врз другите популациски групи.

Проценката од ефектот од владините мерки, пак, кои ги таргетираат цените и опфатот на домаќинствата, покажува дека тие ублажиле 30 до 60 проценти од ударот на кризата зависно кој индикатор се зема предвид и која популациска група. Но, потенцираше Петрески, овој ефект не е мал. Негативната страна е што најголем дел од мерките беа линеарни, што значи дека во услови на тесен фискален простор што дополнително се стеснува и таа линеарна компонента ќе мора понатаму да се намалува, рече Петрески.

Утврдена е потреба за натамошни мерки што ќе бидат стриктно таргетирани, односно ќе помогнат на сегментите од популацијата на којашто тоа и е најпотребно.

Проценуваме дека ефектот од кризата продолжува, таа не е завршена, ќе биде присутна во текот на годинава, но интензитетот се намалува како резултат на благата стабилизација во сегментот на цените и одредено компензирање што ќе го направи порастот на номиналниот доход, согласно најавите за пораст на минималната плата, усогласувањето на пензиите, социјалната помош, рече Петрески.

13.000 луѓе во 2022 година станале сиромашни

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот