Деби на Елмас во дресот на Наполи

Елиф Елмас кој денеска и официјално стави потпис на петгодишниот договор со Наполи, веќе дебитираше за новиот клуб.

Македонскиот репрезентативец беше дел од резервните играчи на пријателскиот натпревар против Кремонезе, а по повредата на Малкут во 69. минута , тренерот  Карло Анчелоти одлучи да му укаже шанса на Елмас, што беше еуфорично прифатено од навивачите на Наполи.


Македонскиот бисер доби 20-тина минути да покаже зашто Анчелоти инсистираше да се платат бараните од Фенербахче 16 милиони евра плус дополнителни бонуси, а во моментите кога влезе во игра Наполи водеше со 3:2 против Кремонезе, но на крајот натпреварот заврши без победник 3:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот