Де Лихт ме тера да повратам

Матијс де Лихт во понеделник се очекува и официјално да стане нов фудбалер на Јувентус. Италијанскиот шампион се согласи да плати 70 милиони евра на Ајакс за услугите на неговиот капитен кого во Торино го очекува плата од 12 милиони евра. Но, откако ќе се одбијат даноците, нето платата на Де Лихт ќе изнесува 8.4 милиони евра.

Јувентус во трката за потписот со Холанѓанецот успеа да победи дури три екипи, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Барселона. Токму одбивањето да потпише со ПСЖ, го натера поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дугари, да го обвини 19-годишниот Де Лихт дека е алчен за пари и затоа ја прифати понудата на Јувентус, а не таа на „светците“ од Париз кои исто така нудеа 12 милиони евра по сезона.

–  Што му се случи на Де Лихт, што размислуваше кога донесе ваква одлука?. 12,13,14,15 милиони евра, која е разликата? Ќе имаш еден автомобил повеќе, стан поголем за 50-тина квадраи и 10 метри подолга јахта? Ова беше финансиска одлука. Морам за застанам, сево ова ме тера да повратам. Де Лихт е одличен фудбалер но со ваквиот менталитет нема да има долга кариера – изјави Дугари, кој заборави да напомене дека и ПСЖ му понуди идентични годишни примања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот