Давид Тошевски потпиша за австриски Клагенфурт, но прво ќе се докажува во хрватски второлигаш

Фото: austria.klagenfurt/Instagram

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Даввид Тошевски по неуспешната епизода во Ростов денеска потпиша договор со австрискиот прволигаш Клагенфурт. Договорот има важност до јуни 2025 година, но Тошевски прво ќе игра во хрватската втора лига.

Најавите се дека претстојната пролет Тошевски ќе ја помине како позајмен фудбалер во Шибеник кој се натпреварува во втората лига во Хрватска.

„Давид е еден талентиран напаѓач кој може да стане стандарден фудбалер во австриското првенство. Поради ситуацијата во Русија од септември нема никаков натпревар, па сакаме да му дадеме можност да се врати во ритам во Шибеник“, изјави директорот на австрискиот клуб, Пер Јекел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот