Давид Писонеро ќе го напушти Вардар!?

Фото: РК Вардар

Дознаваме дека Давид Писонеро би можел да си замине од клубот, но сеуште не се знае ништо. Се очекува многу повеќе информации да има на првиот собир кој ќе го има македонскиот и европски шампион на 10 јануари.

Од претходно веќе најави Едуард Кокшаров дека во зимскиот период, пред вториот дел од сезоната ќе се знае повеќе за тренерското место.

Од летните подготовки и од почетокот на сезоната на клупата седна шпанскиот тренер Давид Писонеро.

Но, сезоната не започна како што посакуваа „црвено-црните“, па на 16. октомври Писонеро го поставија како помошник, а како главен тренер беше промовиран Едуард Кокшаров.

Поради голем број на повредени клучни играчи, и со Кокшаров ништо не се менува, се наредија високи порази по ред од Веспрем, Кил, Кјелце, па дури и од Мешков Брест..

После 10. кола во групата „Б“ од ЛШ е моментно дури на шестото место со девет бодови и натаму не е официјално обезбедено местото во елиминациската фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот