Давид Луиз, Обамејанг, Пепе: Арсенал има шампионски тим! (ФОТО)

EPA-EFE/NEIL HALL

Според статистиката на англиските новинари, Арсенал се наоѓа на третото место на листата клубови кои најмногу потрошиле во преодниот рок, со 138 милиони фунти.

Пред „топчиите“ се само Манчестер јунајтед (148 милиони фунти) и повратникот во Премиер лигата, Астон Вила (144.5 милиони фунти).

Дефинитивно Емери со ваков состав може да се надева на борба за една од позициите кои водат во Лигата на шампионите, а може и да се најде во битката за титулата и се обиде да го симне Сити од тронот.

Во формација 4-3-3 голманската позиција е Лено, во одбраната Тирни, Сократис, Давид Луиз и Мејтленд-Најлс, потоа во средниот ред Себалос, Гендузи и Џака, а во нападот Обамејанг, Лаказет и Пепе.

Ова е само едно предвидување на британските медиуми како би изгледал стартниот состав, а во тимот се наоѓаат и други звучни имиња како Белерин, Мхитарјан, Озил, Мустафи, Колашинац…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот