Давид Луиз му „асистираше“ на Сити во убедливиот триумф

Дербито Манчестер сити - Арсенал ќе се игра на 20 октомври/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер сити оствари убедлив триумф во првиот натпревар од Премиер лигата по тримесечна пауза. „Граѓаните“ со 3:0 го совладаа Арсенал, а големи заслуги во триумфот има дефанзивецот на „топчиите“, Давид Луиз.

Фудбалерите на Сити беа подобар противник уште од самиот почеток, додека играчите на Арсенал ги следеа малери уште од првата минута. Веќе во шестата минута се повреди Џака, додека во 22. минута се повреди и Мари на чие место влезе Давид Луиз кој е „главен“ виновник за поразот.

Во судиското продолжение од првото полувреме направи кардинална грешка со што му овозможи на Рахим Стерлинг да му донесе водство на Манчестер сити.

Давид Луиз/ EPA-EFE/PETER POWELL

На стартот од второто полувреме, Луиз заработи црвен картон, а Кевин де Брујне го зголеми водството со прецизниот удар од белата точка.

Конечниот резултат го постави Фил Фоден во 90. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот