Данска нема да им помогне на компаниите регистрирани во „даночните оази“

Знамето на Данска / Фото: Архива

Земјата најави нов пакет економски мерки во висина од 13 милијарди евра.

Данска забрани издвојување на средства за финансиска поддршка поради кризата предизвикана од пандемијата со ковид – 19 за компаниите кои се регистрирани во „даночните оази“.

Откако земјата потроши милијарди евра за да им помогне на компаниите што бележат значителен пад на приходите поради мерките, во саботата најави нов пакет економски мерки во висина од 13 милијарди евра.

На листата, за која службените лица во Данска тврдат дека не е сеопфатна, се наоѓаат 12 земји со ниски или без даночни стапки, вклучувајќи ги Панама, Сејшели и Кајмански Острови.

Вкупниот износ што Данска го издвои за помош на економијата изнесува 400 милијарди дански круни, односно околу 53 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот