Даниел Аврамовски ќе ја продолжи кариерата во Турција

фото: ФФМ

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски во изминатиот период се раздели со Сараево, а босанските медиуми веќе дознаа каде нашиот играч ќе ја продолжи кариерата.

Аврамовски, 28-годишниот играч од средниот ред, ќе ги брани боите на Болуспор кој сезонава се натпреварува во втората турска лига.

Ова е враќање за Аврамовски за Турција, пред да се пресели во БиХ, настапуваше за екипата на Кајсериспор (25 натпревари, два голови).

Моментно Болуспор се наоѓа на 10 позиција со 22 бодови, 17 помалку од водечкиот Ејуспор.

Беше дел и од Работнички, Македонија ЃП, Црвена звезда, ОФК Београд, Олимпија Љубљана, Војводина, Вардар, а за најдобрата македонска репрезентација има осум настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот