Дамјан Стојановски е апсолутен рекордер во Куп-натпреварувањето
Победата на кошаркарите на МЗТ Скопје во големото куп финале против МКК Куманово, го означи освојувањето на 11 трофеј за легендарниот кошаркар во ова натпреварување, Дамјан Стојановски.
Препорачано
Иако одамна е најтрофеен играч во македонската клупска кошарка, играчот на МЗТ по завршувањето на финалниот натпревар од турнирот во Куманово е апсолутен рекордер во Купот на Македонија.
Со тоа, тој се оддели од уште еден легендарен кошаркар, Перо Блажевски кој својата играчка кариера ја заврши со 10 пехари.
Инаку, оваа сезона Стојановски ќе има можност да стане апсолутен рекордер и во македонското првенство.
Во моментов е на делба на првото место со 10 трофеи, заедно со својот брат Огнен Стојановски и со Марјан Ѓуров. И со евентуален пехар со МЗТ во првенството, ќе избие сам на првата позиција со што ќе испише нова страница во македонската клупска кошарка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
16мин
-
45мин
-
49мин
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


