Фото: instagram.com/fkboracofficial

Дамјан Шишковски потпиша нов договор со Борац Бања Лука

Босанскиот фудбалски клуб Борац Бања Лука објави дека е продолжена соработката со македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски.

Шишковски одлучи да потпише нов договор според кој ќе остане до лето 2027 година.

Досега има 23 настапи во сите натпреварувања за клубот, и со одбранет пенал во Елбасан против Егнација, го водеше тимот до пласман во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампионите.

Пред три дена го прослави 31 роденден, чуварот на мрежата дојде во БиХ во 2024 година од редовите на ерменскиот Арарат. Претходно ги бранеше боите на Докса, Работнички, Ропс, Лахти и Гент.

Шишковски е меѓу повиканите во нашата А репрезентација за претстојниот бараж натпревар за СП 2026 против Данска во Копенхаген на 26 март.

Победникот на 31 март ќе игра финале за учество на Мундијалот против подобриот од мечот Чешка – Република Ирска, а поразените истиот ден ќе играат пријателски натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот