Profimedia
Profimedia

Дама со стил: Шпанската кралица Летиција повторно воодушеви со модниот избор

Шпанската кралица Летиција се појави на церемонијата што се одржа во банка во Мадрид и засени многумина со своето нежно издание.

Profimedia
Profimedia

Шпанската кралица беше облечена во дамска комбинација во која доминираше розовата нијанса, а секое парче облека беше комбинирано со многу вкус.

Profimedia
Profimedia

Прво, тука е омбре здолништето кое веќе кралицата го носеше во една друга прилика, па розовото волнено палто со потпис на Каролина Херера. Обичната розова блуза беше дел од овој стајлинг, но кралицата Летиција идеално ја надополни со кожен ремен Барбери и мала плик – чанта од Колин, Хуго Бос. Изгледот го заокружи со високи „змиски“ потпетици од Маноло Бланик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот