фото/илустрација/Pixabay

Дали знаете дека изразот „блокбастер“ нема никаква врска со филмовите? Во 1942 година „блокбастерите“ уништувале цели градски блокови!

Честопати не размислуваме за потеклото на изразите што ги користиме секој ден. Склони сме да „собираме“ зборови или фрази од околината и да ги вклучиме во нашиот речник без воопшто да размислуваме од каде потекнуваат. Откривањето на потеклото на некои од нив понекогаш носи лекции од историјата.

Таков е случајот и со терминот „блокбастер“…

„Блокбастер“ што сее смрт

Кога слушаме некого да зборува за „блокбастер“, обично претпоставуваме дека зборува за холивудски хит филм или франшиза што ги исполнува киносалите низ целиот свет. Сепак, потеклото на зборот нема никаква врска со оваа индустрија, ниту со уметноста!

Зборот „блокбастер“ првпат се појавил на страниците на списанието „Тајм“ во статија за бомбардирањето на сојузниците на 29 ноември 1942 година! Бомбите биле наречени „блокбастери“ поради нивната способност да уништат цел градски блок одеднаш.

„Блокбастерите“ на Британските кралски воздухопловни сили биле во основа огромни цилиндри исполнети со експлозиви кои предизвикувале огромна штета кога ќе се испуштеле.

Дури во 1950-тите терминот почнал да се користи во забавен контекст – во театарски жаргон, но уште повеќе во филмски жаргон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот