Илустративна фотографија за мачка / Фото: Pexels

Дали вашата мачка се движи премалку? Еве што советуваат ветеринарите

Грижата за вашата мачка да има среќен и здрав живот е повеќе од само храна, вода и чисто креветче. Вежбањето и менталната стимулација се неопходни за нивната благосостојба, помагајќи им да одржуваат здрава тежина и да спречат болести како дијабетес и артритис.

Дневната активност го намалува стресот и здодевност и ги задоволува нивните природни ловни инстинкти. Но, како знаете дали вашата мачка не вежба доволно и како можете безбедно да ѝ помогнете? Д-р Џордин Зул, ветеринар во Ветеринарната болница „Сисајд“, сподели неколку совети за „Парада петс“.

Два знаци дека вашата мачка не вежба доволно

Според д-р Зул, постојат два јасни знаци дека на вашата мачка ѝ треба повеќе вежбање.

Еден од најочигледните знаци дека вашата мачка не вежба доволно е прекумерната тежина.

– Домашните мачки се многу склони кон зголемување на телесната тежина. Кога спијат поголемиот дел од денот и не мораат сами да ловат храна, лесно е да се здебелат – објаснува д-р Зул.

– Најочигледниот знак дека на мачката ѝ е потребна вежба е прекумерната тежина, а вашиот ветеринар може да ви помогне да утврдите дали е тоа случај и со вашето домашно милениче. Ние ја оценуваме физичката кондиција на мачките на скала од 9, при што сè над 4 или 5 се смета за прекумерна тежина. Идеалниот резултат е 5 од 9, а ова најдобро се постигнува преку комбинација од диета и вежбање – додава таа.

Друг знак дека на мачката ѝ е потребна повеќе вежба е деструктивното однесување, како што е гребење мебел, вршење физиолошки потреби надвор од кутијата за песок или постојано допирање работи што не треба.

– Иако дебелината е најочигледниот показател, понекогаш може да се појават и проблеми во однесувањето. Гребењето мебел, физиолошки потреби надвор од кутијата за песок, гризењето или агресивното гребење може да бидат знаци дека на вашата мачка ѝ е здодевно и ѝ треба повеќе вежбање и ментална стимулација – вели д-р Зул.

Како безбедно да ја охрабрите вашата мачка да биде активна?

Не мора да трошите многу пари за да ја охрабрите вашата мачка да биде активна. Едноставни играчки како топки, тунели или ласери можат да бидат исклучително ефикасни. Ако имате простор, рамките за качување или ѕидните полици се исто така одлични додатоци.

– Најлесниот начин да ја натерате вашата мачка што живее во затворен простор да вежба е со играчки. Ласерите обично се хит. Бидејќи ги контролирате, можете постојано да го менувате движењето и да го задржите вниманието на вашата мачка. Ќе бидете изненадени колку вашата мачка ќе трча и ќе скока наоколу бркајќи ја мистериозната црвена точка – советува д-р Зул.

Секако, важно е да ги почитувате границите на вашата мачка, особено на почетокот и ако има прекумерна тежина. Можеби ќе им треба време да ја подобрат својата физичка подготвеност.

– Ако вашата мачка брзо се замори, оставете ја да се одмори и да ја заврши играта сама. Понекогаш, исто како и луѓето, им треба време да ја подобрат својата издржливост и физичка подготвеност, особено ако веќе имаат прекумерна тежина-  забележува таа.

– Играчките за качување или други предмети со различни висини исто така можат да поттикнат истражување, движење и активност. Добра идеја е да имате различни безбедни играчки достапни низ куќата, така што вашата мачка секогаш ќе има различни возбудливи опции на располагање – закулучува д-р Зул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот