Дали вашата исхрана може да влијае на нивото на естроген?

Доминантноста на естрогенот е состојба во која луѓето имаат високо ниво на хормонот естроген. Оваа состојба е поврзана со различни здравствени проблеми вклучително и одредени видови на рак на дојка, рак на јајцини и синдром на полицистични јајници.

Истражувањата покажуваат дека некои начини на исхрана се поврзани со повисоки нивоа на естроген во организмот, додека други укажуваат на фактот дека исхраната може да помогне во намалување на нивото на естроген.

Естрогенот е хормон кој игра клучна улога и во женската и во машката сексуална функција. Покрај тоа што е од суштинско значење за здравјето на репродуктивноста, естрогенот е вклучен и во многу други системи во телото, вклучувајќи го имуните, васкуларните, невроендокрините и скелетните системи.

unsplash

Трите главни типа на естроген се естрон, естрадиол и естриол. Естрадиолот е најзастапен и биолошки активен вид на естроген кај жени во репродуктивна возраст. Јајниците се главниот производител на естрадиол во телото. Естрадиолот се наоѓа и кај мажи и кај жени, иако жените обично имаат повисоки нивоа.

Иако естрогенот е суштински хормон, поголемата концентрација на овој хормон може да го зголеми ризикот од одредени хронични болести, како рак на дојка и јајници. Оваа состојба е формално позната како доминација на естроген.

Најновите истражувања покажаа дека исхраната и начинот на живот може да влијаат на нивото на естроген.

unsplash

Некои начини на исхрана се поврзани со здрави нивоа на естроген а воедно и намален ризик од болести поврзани со доминацијата на естроген. Па така, други може да го намалат неговото ниво.

Тоа е затоа што исхраната може да влијае на метаболизмот на естрогенот и неговото излачување во организмот. Имањето вишок телесни масти може да го зголеми нивото на овој хормон и ризикот од заболување, бидејќи масното ткиво произведува естроген. Дебелината е поврзана со зголемено ниво на ароматаза, ензим кој придонесува за производство на естроген.

На пример, многу студии откриле дека поголемиот внес на црвено месо, преработена храна, слатки, млечни производи и рафинирани житарки, се поврзани со поголеми нивоа на естроген, а со тоа и зголемен ризик од заболувања, за разлика од исхраната богата со овошје и зеленчук.

unsplash

Студиите покажуваат дека исхраната која се фокусираат на храна богата со хранливи состојки, особено зеленчукот и овошјето, помага во поттикнување на здраво ниво на естроген, како и рамнотежа на другите хормони.

Студиите откриле дека медитеранската исхрана е поврзана со здрави нивоа на естроген. Храната богата со риба, зеленчук, овошје и мешунки е одлична. Една постара студија следела 115 жени кои се хранеле во медитерански стил шест месеци. Нивната исхрана била богата со растителни протеини и масти и значително помалку животински протеини и масти. Резултатите покажале дури 40% намалување на вкупните нивоа на естроген во споредба со жените кои не направиле промени во исхраната.

Храната богата со растителни влакна е богата и со фитоестрогени. Ова се молекули со активност слична на естрогенот, која се наоѓа во одредена храна како соја, мешунки, ореви, житарки, овошје, зеленчук и семиња.

unsplash

Фитоестрогените се врзуваат за рецепторите на естроген во клетките и можат да имаат или антиестрогенско или естрогенско дејство. На пример, одредени фитоестрогени се натпреваруваат со естрогенот, бидејќи тие се врзуваат со рецепторите на естроген, блокирајќи ја неговата апсорпција.

Од оваа причина, студиите покажале дека исхраната со висок процент на фитоестрогени може да штити од карцином на дојка. Имајте на ум дека иако фитоестрогените се поврзани со некои придобивки, студиите ги поврзуваат со негативни ефекти, исто така. На пример, фитоестрогените од соја можат да му наштетат на ендокриното здравје кај некои луѓе.

Сепак е важно да се напомене дека, како и повеќето работи во исхраната, односот помеѓу фитоестрогените и здравјето зависи од многу фактори, вклучително и од вашата возраст и здравствениот статус.

Совети за намалување на нивото на естроген

Важно е да се напомене дека многу фактори можат да влијаат на нивото на хормони во вашето тело. Затоа е важно да разговарате со вашиот лекар доколку сте загрижени за доминацијата на естрогенот.

Обидувајте се да јадете храна богата со растителни влакна. Студиите покажаа дека исхраната со висок процент на диетални влакна промовира здрави нивоа на естроген. Тоа може да помогне во зголемувањето на излачувањето на естроген во фецесот, што може да помогне во контролата на нивото во телото.

pixabay

Ограничете одредени производи од животинско потекло. Некои студии покажаа дека црвеното и преработеното месо може да го зголемат естрогенот во организмот, така што ограничувањето на оваа храна може да помогне во регулирање на естрогенот. Прибегнувајте кон храна богата со зеленчук, цели зрна, овошје и мешунки.

Изгубете го вишокот на маснотии во телото. Губењето на вишокот телесни масти е одличен начин за намалување на циркулирачкиот естроген. Плус, слабеењето може да помогне при заштита од многу хорнични болести.

unsplash

Ограничете го внесто на рафинирани јаглехидрати и преработена храна, вежбајте, ограничете го внесот на алкохолот.

Следењето здрава исхрана и начин на живот е од суштинско значење за здравјето на вашите хормони. Сепак, има и многу други фактори кои може да влијаат на нивото на хормоните, вклучително и возраста, употебата на лекови и одредени здравствени состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот