Дали нешто е гнило во руската верзија за „украинскиот напад“ врз резиденцијата на Путин?
Жителите на градот Валдај наводно не пријавиле никакви звуци од активирање на противвоздушната одбрана ноќта меѓу 28 и 29 декември, иако официјална Москва тврдеше дека биле соборени дури 91 украински дрон.
Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) објави анализа за наводниот напад врз една од резиденциите на рускиот претседател Владимир Путин, повикувајќи се на истражување на рускиот опозициски медиум „Сота“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според наодите на „Сота“, жителите на градот Валдај не пријавиле никакви звуци од активирање на противвоздушната одбрана ноќта меѓу 28 и 29 декември, иако официјална Москва тврдеше дека биле соборени дури 91 украински дрон. Таква бројка, како што се наведува, би подразбирала масовно и интензивно дејствување на системите за воздушна одбрана.
Дополнително, се истакнува дека украинските беспилотни летала, доколку навистина се движеле кон Валдај, би морале да минат низ строго обезбеден руски воздушен простор.
Лавров вели дека Украинците со 91 дрон ја нападнале резиденцијата на Путин: Лага е, тврди Зеленски
„Сота“ наведува дека летовите би воделе преку региони со концентрација на стратешки ракетни единици, системи за противвоздушна одбрана, воена авијација и други клучни одбранбени капацитети, што ја прави ваквата операција исклучително малку веројатна.
Според заклучокот на „Сота“, евентуален напад врз резиденцијата на Путин би бил возможен само во случај на „чудо“ или на сериозен пропуст од страна на руската армија.
Институтот во тој контекст потсетува и на извештај на „Радио Слобода“ од август 2025 година, според кој Русија значително го зајакнала воздушниот штит над Валдай, зголемувајќи го бројот на противвоздушни системи од два на дванаесет во периодот од 2022 до 2025 година, меѓу кои и напредни системи „Панцир-С1“.
Во меѓувреме, руските власти изминативе денови повторно тврдеа дека Украина се обидела да изврши напад врз официјална резиденција на Путин со беспилотни летала, по што шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави можна ревизија на преговарачкиот став на Москва за мир.
Пекинг повикува на воздржаност по руските обвинувања за напад врз резиденцијата на Путин
Киев ги отфрли ваквите обвинувања како целосно неосновани.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека западните партнери на Украина, благодарение на своите технички капацитети, можеле да утврдат дека станува збор за измислен инцидент.
Во исто време, Германија и Франција изразија загриженост дека Русија ги користи овие тврдења како оправдување за понатамошна ескалација на конфликтот.
Американскиот Институт за проучување на војната нагласува дека обвинувањата за нападот досега не се потврдени од независни западни институции или од јавнодостапни извори, заклучувајќи дека досегашните информации не ја поткрепуваат руската верзија на настаните.
Трамп: Путин ме информираше за нападот на Украина врз неговата резиденција, тој потег не е добар


