Превкусна, брза и лесна шпанска супа.
Состојки:
900 грама домати
2 краставици
1 црвена пиперка
1 чешне лук
2 лажици оцет
200 милилитри вода
100 милилитри маслиново масло
сол
црн бибер
2 кришки леб
босилек
Подготовка:
Во подлабок сад, ставете ги претходно излупените домати, краставиците, лукот и оцетот. Сите овие состојки убаво изблендирајте ги. Потоа во добиената смеса, додадете го и маслиновото масло, солта и црниот бибер и повторно убаво измешајте. Добиената смеса, ставете ја во фрижидер и почекајте да се излади.
Додека чекате смесата да се излади, лебот исечете го на ситни коцки и кратко пропржете го во тава на оган во која сте додале малку маслиново масло.

Изладената супа сервирајте ја во длабока чинија. Одозгора ставете неколку парчиња пржен леб и додадете ситно сечкан босилек.
Пријатен апетит…