Дали сокот од целер навистина помага во борбата со вишокот килограми?
Нутриционистите се сложни дека целерот е добар за нашето здравје, затоа што содржи хранливи состојки, но не е научно докажано дека поттикнува слабеење.
Препорачано
Сите би сакале да има магични напитоци со кои лесно ќе симнеме килажа, па не чуди тоа што трендовите поврзани со слабеењето и исхраната се во центар на вниманието, особено сега кога социјалните мрежи прават дополнителен „притисок“, велат од „Zena.hr“
Сокот од целер своевремено уживаше голема популарност помеѓу инфлуенсерите и љубителите на здравиот живот, а многумина и понатаму се колнат во овој зелен напиток. Но, дали навистина помага во намалувањето килограми?
Еве што велат стручњаците
Нутриционистите се сложуваат дека целерот е баш зелено светло за витамини и минерали и дека е здрава опција за конзумирање. Но, научно не е докажано дека прави нешто специјално кон нашето тело. Она што е сигурно е дека целерот е нискокалорична намирница и поради тоа е добар избор за оние кои се борат со прекумерна тежина, но и за да дојде до намалување на килограмите, важно е да се следат некои други чекори, кои најпрво значат – физичка активност и здрава исхрана.


