Дали Србите бесплатно ќе летуваат со ваучери во нивните летувалишта?
Одлуката дали годинава ќе има прераспределба на ваучери за субвенциониран одмор од српската влада во нивните летувалишта ќе се знае во следните неколку денови. Можно е парите да бидат пренасочени за некои капитални туристички проекти. Во моментов во врска со ова прашање може да се слушнат два различни става од српските експерти. Едниот е дека оваа популарна мерка треба да се продолжи со истиот принцип, а другиот е дека парите би можеле да се вложат во проекти за рурален туризам и дека има многу повеќе смисла по период на пандемијата на ковид.
Препорачано
Од февруари минатата година започна пилот-проект преку доделување субвенции за рурален туризам и угостителство, благодарение на што бројот на рурални домаќинства во туризмот се зголеми од 700 на 1.223, што покажува голем потенцијал во оваа област, сумира Каматица.
Од друга страна, иако девизниот прилив од туризмот во Србија постојано се зголемува, останува проблемот со голем одлив на домашни туристи кои во текот на годината летуваат во странство, а решението за оставање пари во Србија би било да им се понудат поинтересни содржини на домашните дестинации. Значителен број граѓани очекуваат дека повторно ќе се продолжи промоцијата на доделување ваучери за летување во Србија, бидејќи за многумина тоа е единствена можност да патуваат некаде во текот на годината.


