Дали ова е најголемата грешка во историјата на фудбалот!? (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Голманот на Улсан на натпреварот против Поханг Стилерс направи една катастрофална грешка.

Овој потег на чуварот на мрежата со голема брзина се прошири на социјалните мрежи, голманот на домаќините по лошо ќе го памети мечот во Јужна Кореја.

Наместо до играчот кој беше многу поблиску до него, се одлучи за дури спротивниот кој што беше многу далеку.

Тоа итро и паметно го искористи еден од противничките фудбалери кој ја украде топката и не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Поханг Стилерс на крајот победија со 4:1, а во моментот на оваа грешка на Сеунг, резултатот беше 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот