Дали Макрон се втурна во уште поголеми проблеми поради пензиските реформи?

Францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Француската влада треба да се соочи со два предлога за недоверба поради големиот број на улични протести, штрајкови и блокади на патиштата од незадоволните граѓани кои се спротивставија на одлуката на претседателот Емануел Макрон да ги протурка пензиските реформи, за кои многу Французи не се согласуваат, пишува „Гардијан“.

Гласањето за недоверба ќе се одржи попладнево во позадина на зголемена тензија на улиците, по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Париз во текот на викендот. Утрово веќе започнаа блокадите на патишта и демонстрациите на кружните текови во некои делови на Франција, вклучително и надвор од Нант и Лориен. Во Рен на автопатот беа запалени канти, а автомобилите беа запрени.

Барањата за гласање недоверба беа повикани во знак на протест против Владата користејќи ги контроверзните извршни овластувања за да ја зголеми старосната граница за пензија од 62 на 64 години.

Макрон минатата недела одлучи Владата да го искористи членот 49.3 од Уставот за да го заобиколи парламентот, бидејќи стравуваше дека не може да собере доволно гласови. Центристичката коалиција на Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот на изборите во јуни минатата година.

Уривањето на Владата со гласање недоверба беше „единствениот начин да се запре социјалната и политичката криза во оваа земја“, рече Шарл де Курсон, француски пратеник со најдолг стаж и член на малата опозициска центристичка групација Лиот, кој е автор на една на предлозите за недоверба.

„Ако продолжиме вака, никој нема да контролира ништо. Тоа е она што ни го кажуваат сите синдикални лидери… дека гледаат дека работите стануваат порадикални“, изјави тој за радиото Франс Интер.

Другиот предлог беше изнесен од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен.

Повеќето аналитичари очекуваат дека владата ќе ги преживее двете гласања. Тоа е затоа што за барање недоверба би било потребно апсолутно мнозинство од 287 пратеници. За да се постигне таа цел ќе биде потребна поддршка од голем број пратеници од десничарската партија Лес Републиканс. Ова се смета за неверојатно откако нивниот партиски лидер, Ерик Чиоти, рече дека гласањето во корист на предлозите ќе предизвика „хаос“ во Франција.

Франција ужива релативно ниска возраст за пензионирање

Промената на границата за пензионирање се подготвува со години, неколку пати беше одложувана поради острата реакција на населението.

Ваквата промена се планира да биде финализирана до 2030 година. Исто така, другите развиени земји ширум светот беа во процес на зголемување на старосната граница за пензионирање на нивните јавни пензии, но повеќето отидоа многу подалеку отколку што Франција планира. Холандија, Шпанија, Германија и САД (преку Управата за социјално осигурување) се доближуваат до нивната заедничка нова возраст за пензионирање од 67 години. Најновите групи кои ги исполнуваат условите за стандардна пензија од 1 јануари 2023 година сега се меѓу 65 години и 11 месеци и 66 години и 10 месеци во овие земји. Новата возраст за пензионирање од 67 години за новите подобни групи ќе биде достигната помеѓу 2024 и 2030 година. Во меѓувреме, Обединетото Кралство ќе започне да ја зголемува границата до 67 години помеѓу 2026 и 2028 година, додека Белгија ќе ја зголеми минималната возраст за пензионирање на 66 години меѓу 2025 и 2037 година.

Покрај условот за возраст, земјите применуваат и минимум за должината на работниот век на едно лице за да се пензионира со стандардна пензија. Понекогаш се прават исклучоци за луѓе кои главно го надминуваат условот за работен век пред минималната возраст за пензија. Во повеќето земји, исто така е можно да се пензионирате од порана возраст и да прифатите одбитоци. Различни правила важат за професионалните пензии, основните пензии, индивидуалните пензиски сметки и се разбира, приватните пензии.

Земјите кои беа посрамежливи во зголемувањето на старосната граница за пензионирање ја вклучуваат Канада, каде што плановите за нејзино менување над 65 години беа укинати, и Швајцарија, која сè уште размислува за дополнително покачување. Сепак, старосната граница за пензионирање ќе биде 65 години за двата пола почнувајќи од 2025 година во земјава. Шведска ја зголеми старосната граница за пензионирање на 63 години од 62 оваа година и може повторно да се зголеми како што се зголемува животниот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот