Дали мачките навистина гледаат подобро ноќе отколку во текот на денот?

Фото: Pexels / Jb Jorge Barreto

Општо, мачките имаат исклучително добар ноќен вид и рефлекси кои им помагаат да ловат и маневрираат.

Но, што е со нивниот вид преку ден?

Мачките имаат исклучително добар ноќен вид и способност да гледаат во услови на слаба осветленост, што им овозможува да ловат дури и во самрак или ноќе. Нивните очи имаат голем број специјализирани фоторецептори кои им овозможуваат да гледаат во услови на слаба осветленост многу подобро од човечкиот вид.

Меѓутоа, во споредба со луѓето, дневниот вид на мачката не е толку остар, особено во боја и детали. Ова значи дека вашата мачка не гледа толку добро во текот на денот како што гледа ноќе. Исто така, некои мачки може да имаат одредени проблеми со видот како резултат на генетски предиспозиции, повреди или болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот