Дали ќе ви недостигаат Хари и Меган?, несигурен одговор на Камила, сопругата на принцот Чарлс.

Војвотката од Корнвол, интервјуирана од новинар на  ITV News, на прашањето „Дали ќе ви недостигаат Хари и Меган“, за момент се збуни и одговори: „Хм… Се разбира“, покажувајќи јасно двоумење и несигурна насмевка. 

Нема солзи или израз на болка. Наместо тоа, израз на изненадување и несигурна насмевка. Камила Паркер Боулс, војвотката од Корнвол, необично реагираше на прашањето: „Дали ќе ви недостигаат Хари и Меган?“. Студениот и колеблив одговор – „Хм. Се разбира“ – предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Прашањето на новинарот е сосема легитимно, земајќи го предвид медиумскиот земјотрес по заминувањето на Хари и Меган од кралското семество и палатата Бакингам. Па, затоа, одговорот на сопругата на принцот Чарлс, требаше да биде далеку потопол од дадениот.

Наместо тоа, таа горчливо се насмевнува, а потоа паузира да го оцени одговорот и конечно изустува: „Хм. Се разбира“. Сомневање во одговорот веднаш беше забележан и од фановите на кралското семејство, како и од луѓето активни на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот