Дали Европа ќе се снабдува со енергија од огромна соларна фарма?

ТЕЦ „Осломеј“ е прва транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот/Фото: Скриншот

Реализацијата на фасцинантната визија за иднината во која сончевата енергија се собира во вселената и се пренесува на Земјата, како револуционерен начин за искористување на чистата енергија и решавање на итни еколошки прашања, воопшто не е далеку. Всушност, тоа е веќе планирано за 2035 година. Иако можеби и денес звучи како научна фантастика, доколку Европската вселенска агенција продолжи со својот план, Европа еден ден би можела да се напојува со џиновски лебдечки соларни панели кои орбитираат околу Земјата. Технологијата сè уште е во фаза на прелиминарно тестирање, но крајната цел е да се лансира соларна вселенска фарма долга два километри која би орбитирала 36.000 километри над Земјата и би произведувала сончева енергија колку една нуклеарна централа или – дури шест милиони соларни панели на земјата!

-Таквиот проект ќе обезбеди Европа да стане клучен играч – и потенцијално лидер – во меѓународната трка кон скалабилни решенија за чиста енергија за ублажување на климатските промени – се вели во соопштението на ЕСА. Според извештаите, 600 сателити ќе обезбедат 20 проценти од енергетските потреби на Земјата, стои во планот на технолошката компанија Спејс Солар, пренесува Блик Бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот