Дали Алина Кабаева е во брак со Путин и имаат ли деца – нова книга ја разоткрива мистеријата

Пиутин и Алина Кабаева фото Профимедиа

„Alina, l’ amour secret de Poutine“ (Алина, тајната љубов на Путин ) е насловот на новата книга објавена на 13 септември во Франција од издавачот Арто, со цел да фрли светлина на мистериозните и неодговорени прашања за животот на љубовницата од Владимир Путин, Алина Кабаева. Авторката е спортската новинарка на францускиот весник L’Equipe Селин Нони, кој по темелна истрага открива некои од тајните на најмистериозната жена во Русија, „царицата без круна“, како што францускиот магазин Le Point ја нарекува 40-годишната олимписа медалистка со злато во ритмичка гимнастика.

Како што споменува и самата Нони во интервјуто што неодамна го даде за Ле Поинт, новата книга е биографија на младата жена со потекло од Узбекистан, за која иако се силни гласините дека е официјална љубовница на долгогодишниот руски претседаел, никогаш не е официјално потврдено, ниту од директно засегнатите, ниту од Кремљ. „Амбиција, слава, емоции, моќ и пари“, ја сочинуваат приказната за некогаш светски познатата спортистка и моќникот од Кремљ.

Во своето интервју, авторката на книгата открива дека шармантната Кабаева со змиско тело првпат влегла во животот на рускиот претседател во 2008 година, според релевантното издание на неделниот руски весник „Московски кореспондент“, сопственост на олигархот Лебедев. Во предметната публикација се вели дека двојката наскоро ќе се венча, иако во тоа време Путин сè уште беше во брак со сопругата Људмила Путина, со која има две ќерки. Парот официјално се разведе во 2014. Веста за вонбрачната врска на рускиот претседател направи сензација во земјата и набрзо весникот беше затворен…

Пиутин и Алина Кабаева
фото Профимедиа

Дали Путин е оженет со Алина Кабаева?

Дали рускиот претседател и златната медалистка во ритмичка гимнастика ставија „прстен на десната рака“? Авторката во својата книга наведува дека нема релевантни информации, иако во последните пет до десет години Кабаева е видена како носи венчален прстен, но понекогаш го вади… Сепак, пред речиси една година поранешната златна олимпијка во јавноста се појави со венчалниот прстен. Бурмата на прстот на шармантната жена ги поттикна гласините дека парот склучил таен брак, факт кој официјално не е потврден.

Пиутин и Алина Кабаева
фото Профимедиа

Имаат ли деца?

Дали Кабаева имала деца со рускиот претседател? Одвреме-навреме меѓународните медиуми пишуваа за ова прашање, но без сигурни информации. По истражувањето, авторката на новата книга наведува дека е извесно дека Кабаева до денес имала три бремености од денот кога е обелоденета нејзината врска со Владимир Путин. Иако не е познат полот на децата кои дошле на свет, во последната бременост Кабаева имала близнаци. Самата Алина Кабаева никогаш не открила колку деца родила, па иако има забуна околу тоа колку деца има таинствениот пар, авторката, повикувајќи се на свои извори, нагласува дека Кабаева и Путин имаат барем едно машко дете, што прави разлика, бидејќи рускиот претседател и неговата поранешна сопруга имаа две ќерки. „Алина со тоа што му даде син на Путин ја зацврсти својата позиција“, вели авторката во интервјуто за Ле Поинт.

Мистериозната смрт на руската лекарка – гинеколог во Швајцарија

Прашањето како швајцарскиот гинеколог со руско потекло Наталија Тибо Кондратиева ненадејно почина во Швајцарија останува неодговорено. Шеесет и тригодишната специјалистка – гинеколог го водеше медицинскиот тим на породувањето на Кабаева во швајцарска клиника во 2015 година. Четири години подоцна, таа беше пронајдена мртва во Швајцарија без да се соопштат официјална причина за смртта. Британските медиуми јавуваат дека гинекологот боледувал од рак, а истовремено пишуваат дека токму таа јавно ставила до знаење дека Кабаева најмалку двапати му родила деца на Путин во приватна клиника во Лугано. Всушност, рускиот независен медиум „Проект медиа“ пишуваше дека Тибо била покрај Кабаева кога му ги родила децата на Путин, во 2015 и 2019 година.

Алина Кабаева
Алина Кабаева и Владимир Путин / Фото: Profimedia / EPA-EFE

Богата директорка

„Првата дама“ на Русија заработува 10 милиони долари годишно, според новата книга „Alina, l’ amour secret de Poutine“. Книгата открива дека Алина Кабаева е високо платена како шеф на големата руска медиумска групација НМГ. Исто така, според откритијата на книгата, Кабаева поседува неколку имоти, вклучувајќи станови, селски куќи и огромен дворец во Сочи со уметничка галерија и базен. Сепак, сите овие имоти не се на името на самата Кабаева, туку на нејзините блиски роднини, вклучително и нејзината мајка, сестра и баба. Луксузниот дворец во Сочи го носи името на нејзината мајка.

„Таа очигледно стана гласот на моќта“, вели авторката на книгата за Кабаева за Ле Поинт и нагласува дека „некрунисаната царица“ не се појавува во јавноста, туку ја насочува пропагандата на Кремљ од нејзината позиција на моќ во руските медиуми.

Каде е денес „Првата дама“ на Русија?

По руската инвазија на Украина, меѓународните медиуми тврдат дека Кабаева живее во вила во Швајцарија со своите деца. Но, според нејзината нова биографија, иако на почетокот на руската инвазија на Украина Кабаева навистина се преселила во вилата на руски олигарх во Лугано, таа сега живее во рускиот град Новгород во државен станбен комплекс и не излегува освен ако не е придружуван од обезбедување. Во нејзина близина се двајца нејзини братучеди, додека сите трошоци ги плаќаат богатите пријатели на рускиот претседател.

владимир путин
Владимир Путин, Људмила и Алина / Фото: EPA-EFE / Јутјуб

Дали односот Путин-Кабаева е креација на руските тајни служби?

Во новата биографија за Кабаева се вели дека односот на рускиот претседател со олимписката медалитка во ритмичка гимнастика би можел да биде „бајка“, креација на руската тајна служба (ФСБ). Авторот тврди дека тоа би можело да биде вистина, односно приказна создадена да ја нагласи мажественоста и романтиката на 70-годишен маж со жена 30 години помлада од него. „Се е можно“, вели Нони и додава: „Сепак, брзото искачување на Алина може да се објасни само со вистинските врски со претседателот“.

Спортската новинарка и писателка се запознала со Кабаева кога таа била спортистка по ритмичка гимнастика. Ја опишува како девојка полна со живот, која по нејзините успеси во спортот се најде на насловните страници на списанијата, била ориентирана и изјавила дека е заинтересирана да гради актерска кариера. Таа е жена чиј мистериозен живот во сенката на рускиот претседател ја заинтригира јавноста. „Знаевме сè за нејзиниот живот и сега таа е обвиткана во мистерија. Нејзиниот живот е вистински роман“, вели авторката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот