ДАЧИЌ СЕ ОГЛАСИ ОТКАКО ГРОМ УДРИ ВО НЕГОВИОТ АВИОН: Откри што го спасило од СИГУРНА СМРТ

Ивица Дачиќ / Фото: Архива

Вистинска драма се случувала над небото на Словенија. Гром удрил во владиниот авион на Србија, „фалкон“ со кој министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ тргнал за Љубљана.

Со присебност на пилотот, авионот е безбедно приземјен на аеродромот во Љубљана, а Дачиќ тргнал на пат накај Блед да учествува на Стратешкиот форум.

„Пилотот беше присебен. Не беше пријатно, но ми рекоа дека авионот никаде не е пробушен. Идеме понатаму“, вели Дачиќ по ударот на гром во неговиот авион.

Настанот се случил вчера околу 20.50 часот над небото на Љубљана. Авионот влетал во олуја. Инаку силно невреме денес ги погоди Словенија и Хрватска, каде во рок од два часа забележани се повеќе од 20.000 молњи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот