Да си дете на судија во судството секаде е убава традиција, само кај нас е непотизам, вели првиот човек на Здружението на обвинители

Елвин Вели / фото: „Детектор“

„Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам“, вели за „Детектор“ Претседателот на Здружението на обвинители, Елвин Вели.

Тој вели дека и самиот е дете на судија и дека децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи, доколку сакаат и можат, да станат дел од правосудниот систем. Но, Вели додава дека критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.

„Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа, отколку придобивки. Секогаш сѐ било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е, следејќи го мојот родител како судија цел живот, да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување, конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството“, рече Вели за „Детектор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот