Антониа Гиговска, Киан, Роберт - Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Да се стопиш: Антониа Гиговска објави преслатко видео од синот Киан

Преслатко видео од својот син Киан објави поп-пејачката Антониа Гиговска. Киан, кој лани во јули наполни две години, на свој оргинален и детски начин ѝ дава подарок на мајка му.

„Фала ти. Ти ми го направи ова? А, зошто го направи, некој празник е?“, го прашува Антониа синот, а тој одговара дека е 8. Март.
„Да, и уште нешто купив. Тоа е за децата, не е за мајките“, вели малиот Киан и покажува сликовница за деца.

„А цвеќе ќе ми купиш?“, го прашува Антониа синот а тој ѝ одговара: „Да. Ќе ѝ купам и на Ника“.

Разговорот завршува со бакнеж и со честитка за 8.Март од Киан за Антониа.

Минатото лето, по успешна концертна сезона, пејачката Антониа Гиговска заедно со сопругот, музичарот Роберт Спасенцовски, и нивниот син Киан заминаа на летен одмор во Грција. Семејството ужива во раскошен ресорт на Халкидики, каде што се препуштени на вистинско уживање.

Сместени во ресорт со базен, палми и бројни содржини за најмалите, Антоиа блеска во зелени бикини и со долги розови нокти, додека Роберт гордо позира со својот наследник.

Во една прилика, за „Слпбоден печат“, Антониа ја раскажа љубовната приказна со сопругот кој е пејач.

-Нашата љубов беше спонтана. Беше еден допир и очи што искрено се погледнаа. На вистинско место, во вистинско време. Мојата приказна е многу едноставна. Секој може да те нападне за да се одбрани сам себе, меѓутоа верувам дека секој си ги знае своите грешки и сметам дека сите сме на местото каде што треба да бидеме. Ништо повеќе, ништо помалку. Јас дозволив секој да си скрои приказна каква нему најмногу му одговара и молчев, а која е вистината на целата таа приказна, знаат само оние што биле во неа – рече пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот