Да го вратиме Металург во Лигата на шампионите

rkmetalurg.mk

Дамир Стојановиќ има амбиции да го врати Металург таму каде што му е местото:

– Пред сè, среќен сум бидејќи доаѓам во клуб со богата историја и традиција и доаѓам во еден момент во кој ќе се обидиме да создадеме нешто и да се вратиме на старите патеки, во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. За мене тоа е голем предизвик. Оваа година ќе се обидеме ние да го изненадиме Еурофарм и да се вратиме таму каде што треба – рече Стојановиќ.

Како што е веќе познато, Металург го напуштија Томовски (Лудвигсхафен), Даниловски (Охрид), Маџовски (Е.Работник), Димитриоски (Вардар), Шпенде (Загреб), Пучник (Еш), Токиќ (Ајзенах), Миличевиќ (Марибор) и Велковски (Е.Работник), но, затоа пак, дојдоа Лука Вујовиќ (Ловќен), Милан Поповиќ (Пелистер), Реваз Чантурија (Струга), Маријан Мариќ (Зрински), Даниел Ѓорѓески (Пелистер), Иракли Кбилашвили (Одеса) и Дејан Пецаковски (Е.Работник).

rkmetalurg.mk

Во поглед на составот на екипата, Стојановиќ вели:

– Никогаш не го добивате тоа што го сакате, но ќе се потрудиме од овие млади момци да извлечеме максимум. Можеби да се засилиме на позиција лев бек. Нема да брзаме, но ако ни се укаже шанса, секако дека ќе ја искористиме – додаде стратегот на „сино-белите“.

Металург со обврските старува во македонската Суперлига, а во поглед на учеството во ЕХФ-Купот, Стојановиќ вели:

– Добро е што во ЕХФ-купот почнуваме дури од третото коло, бидејќи ќе имаме време да се подготвиме и да ја воиграме оваа млада екипа, да воспоставиме еден систем на игра – заврши Стојановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот