Да го испратиме летото и неговите вкусови: Менемен – турски специјалитет за доручек или ручек

менемен
Менемен / Фото: Pexels / Kübra Doğu

Менемен е традиционално турско јадење направено од домати и пиперки, приготвено на сличен начин како што правиме летна манџа со јајца. Во зависност од вкусовите, може да додадете сирење или суџук. Често се јаде за појадок, а ако се подготвува за ручек, вообичаено е да се додаде кромид.

Состојки:

– 4 јајца
– парче корен од ѓумбир
– 4 чешниња лук
– 1 кромид
– 2 големи домати
– 1/2 чаша сос од домати
– 1/2 лута пиперка
– 1/2 пиперка
– 2 лажички мелена пиперка
– 1/2 лажичка оригано
– сол, бибер, маслиново масло, власец

Подготовка:

Избланширајте ги доматите и излупете ги. Загрејте го маслото во тава, додадете го сечканиот лук и ѓумбир и пржете додека не омекнат, а потоа додадете го исечканиот кромид. Кога ќе стане проѕирен, додадете ги пиперките. Додадете ги исечените домати и оставете две минути, а потоа додадете доматно пире и други зачини освен власец. Кога ќе бидат готови доматите, скршете по едно јајце во тавата и по десетина секунди нежно измешајте ги во смесата. Послужете со власец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот