Да ги почитуваме мерките и нема да има ковид-бран за празниците, вели д-р Костов од „8 септември“

Д-р Кристијан Костов / фото: принтскрин

Со помош на вакцините и постоечките мерки, бројката на новозаболени од коронавирусот по празниците не би требало да се зголеми, вели директорот на ГОБ „8 Септември”, д-р Кристијан Костов.

Тој апелира претстојните празници да се прослават во домашни услови и што е можно повеќе да се почитуваат мерките за носење маска и држење дистанца.

-Секој угостителски објект си има свој протокол на пристап на вакцинирани луѓе, има свој протокол на колку гости може максимум да бидат присутни во кафеаната и сметам дека треба да се придружуваат на сите овие протоколи, на сите овие мерки како што се препишани за кафанското работење, за дружбата дома во домашни услови се со цел да некако немаме поголеми последици. Верувајте дека најголем процент од болните коишто завршуваат со летален исход се пациенти невакцинирани, додава тој.

Во однос на состојбата во ГОБ „8 Септември”, директорот истакна дека во последните два месеца бројката се движи околу 50-ина пациенти.

-Кај нас гравитираат пациенти, воглавно 85 проценти доаѓаат од другите болнички установи, со влошена клиничка слика. Најголем процент, односно, речи сите се на кислородна поддршка и интензивниот оддел е секогаш полн. Голем процент се на респиратор и воглавно популацијата т.е. возраста е од 30-ина години нагоре, појасни тој.

Директорот на болницата апелираше до граѓаните што е можно побрзо да се вакцинираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот