Д-р Мехмедовиќ: Приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните

Злате Мехмедовиќ

Злате Мехмедовиќ лекар во ковид центар во емисијата 24 анализа рече дека е јавното здравство е преоптеретено и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.

„Затоа голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет.“ – вели доктор Мехмедовиќ.

Слободните места се бројат и се чека испис за да се добие слободно место, вели доктор Мехмедовиќ. Оваа варијатна на вирусот е изразито агресивна и прави тешки проблеми, во делот на инфламаторните маркери кај клиничката слика кај пациентите. Доколку нема доволен број на кревети, има сериозен проблем некој да остане без здравствена заштита, потенцира доктор Мехмедовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот