Д-р Беќаровски: КОЛКУ СМЕ ЗАГЛАВЕНИ И ЗАРАЗЕНИ ???

Се согласувам и тврдам дека дел од 25.500 досега регистрирани, се лажно позитивни, само контаминирани и колонизирани со вирусот, ама не и болни, ама од друга страна има и огромен број на вистински заболени кои не се тестираат, кријат, лажат, се лечат од “настинки” по приватни ординации итн, вели доктор Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија.

-Ајде да тргнеме од параметарот леталитет. Во МКД за жал до денес починаа 874 пациенти од Ковид. Ако го прифатиме општо прифатениот процент за леталитет од SarsCov-2, односно 1-3%, бројот на досега вистински заболени би се движел меѓу 27.000- 87.000, што е многу поголем од тој што сме го откриле. Ако во последните 14 дена имаме 103 починати, во моментов реално имаме 3.000 – 10.000 вистински болни. Звучи страшно, нели, ама e реално- напиша на Фејсбук Беќаровски.

Ако ја примениме математиката на Вело Марковски, вели д-р Беќаровски, кој тврди дека смртноста од вирусот е 0.15% бројот на досега заболени во Мк би бил преку 1.000.000. И на крајот, ако веќе десетина дена бројот на позитивни е околу 1/5 од тестираните, моменталната опфатеност е околу 400.000.

Денешната статистика на министерството за здравство е вистински аларм за сите граѓани. Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19, дванаесет лица за жал ја загубија битката со коронаворусот.

Рушиме рекорди: Дванаесет лица починаа, нови 641 пациент заразени со ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот