Д-р Балевски: Здравствените работници лавовски се борат и одлично се справуваат со Ковид-19

Д-р Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.

Во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Балевски изјави дека Словенија добро минува низ кризата.

-Докторите дотатно се едуцираат и исто како и Македонија ја легнаа линијата на заразени. Имаше една студија дека 70% е намален бројот на инфаркти. Генерално луѓето се исплашени од Ковид-19, но вистина е дека е намален бројот, но морам да кажам и дека многу пациенти кои доаѓаа беа со закаснети инфаркти. Кога бевме во фаза 5 ние ги работевме најитните случаи. Во фаза 4 ги лекувавме и луѓето кои што можеа да почекаат, вели кардиологот д-р Балевски.

Околу импликациите на Ковид врз срцево заболените, тој вели дека коронавирусот има влијание, но воглавно е тешка болест на белите дробови.

-Најважно е да се слушаат препораките од инфектолозите и да се следат препораките на Владата. Во наредниве најважно е миење раце, носење маска, проветрување на простории и мислам дека Македонија добро се справи со сето тоа. Лавовски се бориме. Во моментов е најважно да се сплотиме и заедно да помагаме, изјави д-р Балевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот