ЦСКА Москва на „крилјата“ на Ристовска во полуфиналето на ЛШ

фото: whccska.ru/Максим Серегин

Денеска во реванш четвртфиналниот натпревар од женската Лига на шампионите составот на ЦСКА Москва со 24:19 триумфираше над ЧСМ Букурешт.

Во првите 60 минути романскиот претставник исто така славеше со пет голови разлика (32:27), но поради поголемиот број постигнати погодоци на гостински терен, ЦСКА Москва е екипата која ќе биде дел од Фајнал-фор турнирот во Будимпешта (Унгарија).

А најзаслужна за тоа е македонската репрезентативка Сара Ристовска, нашето десно крило беше прв стрелец во денешната победа со седум голови, еден помалку запиша Дарја Дмитриева.

На спротивната страна Кристина Неагу забележа девет голови, четири беа дело на Елизабет Омореги.

Претходно пласман на завршниот турнир обезбедија уште Брест (Франција), Ѓер (Унгарија) и Кристиансанд (Норвешка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот