Црна Гора: Парламентот ги усвои измените на Законот за вероисповед

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Парламентот на Црна Гора синоќа усвои измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед, кои ги укинуваат сите членови на постоечкиот акт што се однесуваат на промена на статусот на црковниот имот и задолжителната регистрација на верските заедници.

За промена на Законот гласаше владејачкото мнозинство, а опозициските партии, предводени од Демократската партија на социјалистите (ДПС), не присуствуваа на седницата.

Против тие одредби, Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора повеќе месеци организираше масовни протести.

Со новите решенија, имотот кој им припаѓа на Метрополијата црногорско-приморска и на епархијата на СПЦ во Црна Гора, останува во нивна сопственост. Доколку државата сака тој имот да го евидентира како свој, може да покрене парнична судска постапка.

Пред почетокот на собраниската седница, приврзаници на организациите кои себеси се нарекуваат патриотски, протестираа поради промената на Законот. Нивниот протест го поздравија пратениците од ДПС и останатите опозициски партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот