Центарот за развој на Источен плански регион ќе реализира два проектa во Карбинци и Кочани

Триесет и пет милиони денари одобри Агенцијата за подршка на земјоделството и руралниот развој за два проекта, со кои  аплицираше Центарот за развој на Источно-планскиот регион информира, раководителката, Драгица Здравева. Таа додава дека се работи за пристапни патишта во руралните средини во општините Карбинци и Кочани.

Одобрени се 20 милиони денари за проект што ќе го работиме со општина Карбинци, а е наменет за изградба на пристапен пат за планинските села на Плачковица, како што се  Вртешка, Калаузлија и Кебаплија, вели Здравева.

Во Општина Кочани со средства од 15 милиони денари од Платежната агенција ќе се работи на изградба на пристапен пат од селото Оризари до манастирот на Пресвета Богородица или реон на туристичка населба Добра Вода.

Здравева забележа дека во наредниот период се очекува интензивна комуникација со  градоначалниците на Карбинци и Кочани со цел стручно-административна помош за распишување на јавните набавки, но и побрза реализација на доделените средства за побрз старт на проектите  во двете општини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот