Цел живот ми прелета пред очи: Короната го држела Дејан (35) во кома и го боцкале над 150 пати, но сепак го победи вирусот

Дејан Велимировиќ (35) е еден од 6.318. регистрирани заболени со ковид-19 во Србија, и еден од оние кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести при Клиничкиот центар во Белград. Тој се борел за својот живот, а вчера, после цели шест недели, ја напиштил здравствената установа.

Тој е и меѓу првите пациенти кои се во куќна изолација, што е нова мерка од српските власти, откако неговиот тест за коронавирус се испоставил како негативен, додека за две недели ќе биде повторно тестиран.

Дејан Велимировиќ (35) го победи коронавирусот на потешкиот начин

Дека ја напуштил клиниката, каде ја гледал смртта околу себе, Дејан објавил на неговиот фејсбук-профил, а за српски Телеграф изјавил дека се уште не може да верува дека е дома.

  • Драги пријатели, а и вие кои не верувавте на искуството кое го споделив со вас, денес, после шест недели поминати во болница и по негативниот тест за коронавирус, јас сум конечно пуштен да заминам дома на двонеделна изолација, кога ќе ми биде направен уште еден тест- напиша Дејан.

Тој уште еднаш апелира на сите кои го читаат да се чувааа, бидејќи короната каква што му се случила него, може да се случи секому.

За својата голгота со коронавирусот, на 14 април Дејан посветил објави на својот фејсбук-профил, додека се уште бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни и тропски болести при Клиничкиот центар во Белград…

Неговата приказна гласи вака:

„Се заразив на 29 февруари, а првите симптоми ги развив на 5 март. Пет дена имав висока температура, а после тоа и сува кашлица. Дотогаш два пати го посетив здравствениот дом, од каде бев одбиен со проценка дека „најверојатно станува збор за грип“. На 10 март добив телефонски повик со кој бев известен дека личноста со која сум бил во контакт на 29 февруари е позитивна на ковид-19.

Веќе следниот ден бев примен на инфективната клиника каде набрзо по пристгнувањето ми беше земен брис, ми ги снимаа белите дробови, по што бев преместен во изолација да ги чекам резултатите од тестовите. Чекав подолго од 24 часа и во тој период ми се влоши состојбата, па морав да добијам кислородна поддршка. Немав воопшто апетит откако се заразив, а и многу повраќав.

Докторот одлучи и пред да пристигнат резултатите, врз основа на мојата клиничка слика, да започне со терапија со лекови за ХИВ, бидејќи дотогаш беше познато дека дава резултати.
Морав да потпишам согласнов бидејќи станува збор за експериментална терапија. Го дочекав и резултатот кој веќе го очекував, дека сум позитивен на ковид-19.

Мирно ја прифатив веста мислејќи дека тоа не е ништо страшно и дека терапијата ќе си го реши проблемот.

Префрлен сум во друг оддел за изолација каде ми беше многу попријатно бидејќи собите беа како апартмани со сопствен тоалет. Започнав да повраќам многу често и почнав да искашлувам крв. Почнав многу да се загрижувам.

Заминување на Интензивна нега

Набрзо бев преместен на интензивната нега како докторите би можеле да ја следат мојата состојба. Забранети телефони, значи не можам да бидам во контакт со надворешниот свет. Не можев да спијам бидејќи од сон се будев со чувство како да не можам да дишам.

Резултати од тестирања кои Дејан ги објави на неговиот фејсбук-профил

Беше страшно, многу ми се спиеше а не смеев да спиjам, додека немав добиено дијазепам. Тогаш се беше во ред, сепак се било во главата. Следно на што се сеќавам се некои работи низ магла, се сеќавам дека доаѓаа повеќе луѓе, па се будам со нешто во грлото. Тоа беше цефката низ која респираторот го проследуваше кислородот во моите бели дробови бидејќи не можев самостојно да дишам. Ми рекоа дека сум бил во кома.

Интубиран сум трет ден на интензивна нега, што значи имам губиток на сеќавањето за изминатите 2 дена. Нивото на кислородот во крвта при интубацијата ми опадна на 75, а кај здравиот човек е од 95 до 100.

Молби на парче хартија

Кога ме разбудија, и кога станав свесен што се случило, и дека можев да умрам, цел живот ми прелета пред очите, сите лоши навики, одлуки, сето тоа посакав во истиот момент да го променам. ми беше многу тешко да ја поднесам интубацијата во свесна состојба и пишував писма на хартија на медицинските сестри, ги молев да ми го извадат тоа од вратот.

Се разбира дека докторите сакаа да почекаат и да видат каква ми е состојбата, така што моите молби беа залудни. На моја голема радост, цефката не беше уште долго во моето грло, но непријатното чувство остана. Дишев, нормално, нивото на кислорот во крвта исто така беше нормално – со кислородна поддршла, но сепак, можев да дишам.

Си помислив, наскоро ќе бидам тргнат од интензивната нега кога ми удри „шамар“ снимката од белите дробови. Зборовите од докторите „мора уште да останеш тука“ ми ги насолзија очите. Минимум четри недели на интензивна нега беше проценката на главниот доктор. Таму бев веќе две недели. Значи уште две недели нема да ја видам мојата сакана. Шок.

Дејан и неговата парнерка / Фото: Фејсбук

Солзи и параноја

Полека, состојбата ми беше малку подобра и при секоја визита од докторите ја слушав истата приказна: „Дејан е добро и наскоро ќе може во одделот за изолација, кандидат е за контролни брисови“. Кога го слушнав тоа првпат, заплакав од среќа. Меѓутоа, минуваа денови во исчекување, деновите станаа недели… А тогаш, мојата психа веќе можеше да го поднесе константниот звук на мониторите, светлата, смрт околу мене, сцени од интубација… бев избоден најмалку 150 пати бидејќи моите вени веќе не можеа да издржат повеќе од неколку инфузии, а ги примав шест пати на ден.

Се скршив, почна да ме фаќа параноја дека нема да можам да дишам кога ќе заспијам, иако физичката состојба ми беше одлична, умот ми беше скршен. Плачев. Повторно апчиња. Спиев неколку дена како бебе. Докторите не сакаа да ми ги препишат некои ноќи и тогаш се мачев. Како нечив аларм на мониторот ќе заѕвонеше, така и се будев.

Се слушаше и мојот, не затоа што нешто е во ред, туку често ми се откачуваа електролидите за пулс. Тоа дополнително ме трауматизираше. На крајот се откажаа да ми ги враќаат на место бидејќи секогаш кога ќе се чуеше мојот аларм, докторите и сестрите веднаш доаѓаа да видат што не е во ред.

Ме пазеа, јас им бев најсветлата точка која носи надеж дека нешто функционира како што треба, а пливаат во непознатото. Не сакаа да ме пуштат се додека не беа сосема сигурни дека потплно сум се опоравил.

Следната снимка од белите дробови ми беше подобра. Поддршката од кислород е се помала. Додека јадев, без кислородната поддршка, нивото на кислородот во крва ми паѓаше под 90, што беше добар знак. Сепак до самиот крај имав кислородна поддршка, но во се помали дози, до тој момент кога се чувствував дека дишам подобро без кислородната маска. Нема врска, ја носев.

Денеска си одиш

И конечно, го дочекав и тој ден, да слушнам „денеска си одиш“. По неколку часа со аплауз бев испратен од интензивната нега и преместен на друг оддел, каде конечно имам мир, тишина и мра. Каде конечно можам да комуницирам со други луѓе. Се тресев од среќа додека и се јавував на мојата сакана.

Петта недела како се борам со вирусот во болницата.

Вчера ми го земаа контролниот брис и сега ги чекам резултатите и се надевам на негативен исход. Наскоро ќе бидат дома и веќе ништо нема да биде исто во мојот живот.

Отпусниот документ на Дејан / Фото: Фејсбук

За докторите, медицинските сестри и техничарите имам само пофални зборови, и ако го читате ова знајте дека бевте прекрасни, и дека ќе ви бидам вечно благодарен. Би сакал да го одржам контактот со вас.

Бидете безбедни и останете дома и носете маски кога морате да излезете или ризикувате да ви се случи нештото кое ми се случи мене, а се надевам дека после читање на оваа објава ќе ја донесете вистинската одлука.

Ве молам, споделете го ова искуство со вашите пријатели“, напиша Дејан на крајот од обраќањето.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата на 
Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Научникот кој работи на вакцина за коронавирус предупредува дека нè 
очекуваат нови бранови на пандемијата

СЛИКОВИТО ОБЈАСНЕТО: Како коронавирусот ги „киднапира“ клетките (ФОТО)
Исповед на докторката од Вухан која го откри коронавирусот: Се започна откако во болницата дојде едно семејство (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот