Цаноски: Ова е период кој ќе ја покаже вистинската подготвеност на Универзитетите (ВИДЕО)

Живееме во време кога ја прифаќаме новата реалност – КОВИД-19. Но, ние како Универзитет одамна се подготувавме за онлајн настава. Испитите на Универзитетот и наставата целосно, 100% оди он-лајн. Нема мајтап и играње со ова што се случува секаде во светот – Коронавирусот. Првенствено ни е битно здравјето на нашите студенти, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Сефер Цаноски, Универзитет ФОН.

Прилагодување на нов начин на онлајн настава.

-Ова е време каде што сите треба да се трансферираме во друга насока. Перидов треба да расчисти многу дилеми – кој колку вреди од друг аспект. Имаме факултети, дел од нив, да ги оправдаме што не оддржуваат он – лајн настава, но има онакви кои што заради немањето на доволна волја на самите професори промени во начинот на образование нема, вели Цаноски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот