Цаца Николовска: Ако се следат законите мора да се одреди датум за избори, без оглед дали тоа му се допаѓало на некој или не

Цаца Николовска

Година и пол се бориме. Нема функционер кој што не е на власти во опозиција со кого не сме разговарале околу обезбедување на средствата кои што ги имавме во буџетпот. Н,о за одредени личности, како претседателот на Собранието, законот не е јасен и не може тие средства на ниеден начин да се префрлат на Советот за граѓански надзор, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, судијката Маргарита Цаца Николовска.

Ниеден член не сака да чува документи дома, а нема место каде податоците може да се чуваат како државна тајна.

-Спорот е што наводно во Законот не постои одредба која што упатува дека финансиските средства можат преку Собрание да се префрлат на Советот, заради тоа што ние сме немале својство на правно лице. Морам да кажам дека не постои можност да се направи својство на правно лице мимо Собранието. А Собранието не признало, тоа е тело на Собранието. Не беа јасни тие аргументи. Уште еднаш повторувам, нема личност со кого не сме се сретнале, и кој не е запознаен и на кого не му е укажано на сите можности како би можеле да дојдеме до тие елементарни средства за функционирање. Ние имаме сертификати за државна тајна на највисоко ниво, а немаме место каде податоците може да ги трерираме, чуваме како државна тајна. А ниеден член не сака да ги чува тие документи дома, вели Николовска.

Околу денот за одржувањето на изборите, Николовска вели дека политичкиот консензус многу рестриктивно и формалистички го сфаќаме. Демократијата е во презентирање на различни мислења, но ако се следат законите, тогаш мора да се одреди датумот за денот на изборите, без оглед дали тоа му се допаѓало на некој или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот