ЦУК: Изминатото деноноќие еден пожар на отворено во Охридско, во Гевгелија пожар на локомотива од воз

Фотографија МИА

 Еден пожар на отворено бил евидентиран во последното деноноќие во пладневните часови во Охрид, а во Гевгелија пожарникарите гаснеле залено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалниот ЦУК Охрид информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, вчера од 11:10 до 12:10 часот, со двајца пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште во село Рамне.

Од Регионалниот ЦУК Струмица соопштиле дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возила и двајца пожарникари сношти од 00:30 до 01:07 часот имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило – локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица. Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува.

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 1 852 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,62 отсто, а 44,38 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 68,83 отсто, кон итната медицинска помош 28,18 отсто, а кон пожарникарите 1,63 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот