Црвена звезда си најде тренер, Јовановиќ е наследникот на Радоњиќ

Фото: твитер/ KK Crvena zvezda mts

Владимир Јовановиќ е нов тренер на екипата на Црвена звезда, потврди управата на српскиот и шампионот на АБА лигата.

Тој доаѓа на местото на Дејан Радоњиќ кој по триумфот во АБА лигата и во српскиот шампионат ги напушти „црвено-белите“ и потпиша двегодишен договор со Панатинаикос.

Јовановиќ е без ангажман од јануари годинава кога си замина од Цибона, но исто така е селектор на репрезентацијата на Србија до 20 година која од 16 до 24 јули ќе настапи на Европското првенство во Црна Гора.


Тој тренерската кариера ја започна како асистент во ФМП, за во 2016 година да биде тренер на младинскиот тим на Црвена звезда.

Потоа се врати во ФМП каде стана тренер на првиот тим и во Железник се задржа три сезони по што се пресели во Цибона.

– Влада Јовановиќ се докажа како тренер во претходниот период, а именувањето на прв тренер на КК Црвена звезда е нареден чекор и предизвик во кој се очекува д ги покаже тренерските квалитети и потенцијал – соопшти Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот