Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Црвена Звезда го враќа Мициќ го Европа?

Како што стојат работите српскиот плејмејкер Василије Мициќ по актуелната сезона во НБА лигата би можел да се врати во Европа и тоа во редовите на Црвена Звезда.

Ваквата информација ја објави српскиот портал „Спортске.нет“ кој пренесува дека веќе се одржале првите разговори и реакциите биле позитивни.

Се уште е рано да се размислува за наредната сезона, но како што се наведува во текстот не би било првпат Звезда да размислува толку далеку напред, посебно кога во прашање е плејмејкер со квалитетите на Мициќ.

Мициќ вчера наполни 31 година и сезонава во просек бележи седум поени, 2.3 скокови и 3.5 асистенции по натпревар, а вкупно одигра 25 натпревари.

Дресот на Звезда Мициќ претходно го носеше во сезоната 2015/2016 и тоа како позајмен кошаркар од Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот