ЦЈЗ Куманово ги врати на работа двајцата микробиолози што се пензионираа и сега издава законски резултати од лабораторија

лабораторија
Лабораторија / Фото: Pexels

Центарот за јавно здравје Куманово ги врати на работа двајцата пензионирани микробиолози, па така сега има дозвола да пружа здравствени услуги во микробиолошката лабораторија, потврдуваат за „Слободен печат“ од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Претходната недела во нашата редакција пристигнаа голем број на резултати од пациенти, на кои е евидентно дека не е потпишан микробиолог, а ДСЗИ на 16 август имаше издадено забрана на оваа лабораторија да работи зашто немаше носител на дејност односно немаше вработен микробиолог кој е неопходен и законски услов за да било кој резултат биде издаден.

„Извршен е контролен надзор на 29 август 2023 година при што е констатирано дека во установата на ден 25.08.2023 год. се пријавени двајца специјалисти по микробиологија и паразитологија на неопределено работно време со полно работно време со уредни лиценци за работа. Пријавените специјалисти се од редовите на лицата кои заминале во пензија и за кои установата имаше поднесено барање до Министерството за здраство за продолжување на работниот однос согласно Законот за здравствена заштита. Согласноста од Министерството за здравство е добиена на ден 24.08.2023 година. Со тоа е констатирано дека установата постапила по издаденото решение и обезбедила двајца специјалисти од соодветната област“, велат од Инспекторатот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот