„Чувството е како да се давиш под вода“: Сведоштва од помлади пациенти со коронавирус без претходни заболувања (ВИДЕО)

Марк Меклург, 40 годишен свештеник од Њутаунвардс, Северна Ирска и татко на три деца, без претходни заболувања

„Имам коронавирус и последниве две недели се борам за мојот живот на интензивната нега. Сакав да споделам персонално видео за тоа колку смртоносен и опасен е овој вирус. Помогнете ми со тоа што ќе го ретвитнете ова. Мора да го заштитиме нашиот прекрасен медицински персонал“, напиша свештеникот кој преку видео-обраќање на неговиот твитер-профил рече: „Овој вирус е смртоносен и сака да го одземе целиот живот од вашите бели дробови“.

– Мислев дека тоа е тоа, готово, ќе починам, изјавил за BBC 40 годишниот татко на три деца кој немал претходни заболувања.

Свештеникот ги почувствувал симптомите додека бил дома, две недели откако веќе започнале проблемите со дишењето, но без кашлање.

„Се качив во собата каде жена ми ги заспиваше децата и и’ реков: Клер, не можам да дишам. Се јавив во болница, ме земаа со температура од 38 степени. Веднаш ме тестираа, но првиот тест беше негативен на Ковид-19“, вели Марк, кој ги опишува симптомите „како да се давиш под вода“.

„Неколку дена подоцна немав енергија. Докторот мораше да ми вметне цефка за ми даде седативи. Немав сила во белите дробови за да дишам. И се јавив на сопругата и и’ реков: Клер, јас ќе умрам тука“, вели Марк за BBC.

„Коронавирусот ги обзема белите дробови и ќе се обиде да го ишмука животот од вас“, заклучува свештеникот и додава: „Секогаш кога некој умира од Ковид-19, умира сам. Немаат никој, срцепарателно е. Никој не ја држи нивната рака. Тешко е, и токму тоа ќе ви го скрши срцето“.

За среќа, пред неколку дена свештеникот го победи коронавирусот и сега е дома со својата сопруга и трите деца, а секојдневно споделува и благодарност на социјалните мрежи до сите медицински работници.

Тара Џејн Лангстон, 39 годишна келнерка од Лондон, Велика Британија и мајка на две деца, без претходни заболувања

– Ако некој смета дека има шанси со коронавирусот, само нека ме погледне мене. Јас сум во одделот за интенизвна нега, не можам да дишам без ова, вели 39 годишната мајка Тара Џејн Лангстон, која преку видео се обраќа на следбениците на нејзиниот фејсбук-профил во почетокот на месец март од болницата Хилингдон во западен Лондон.

„Всушност, сега се чувствувам десет пати подобро од претходно. Ве молам сите, не ризикувајте со коронавирусот бидејќи станува лошо и можеби ќе завршите во болница“, апелира Тара која работи како келнерка.

„Дококу пушите цигари, ви препорачувам веднаш да ги оставите, бидејќи ќе ви треба целиот капацитет на вашите бели дробови“, предупредува пациентката:

Бидејќи станува збор за здрава личност во фит форма, откако го сподели ова сведоштво на нејзниот фејсбук-профил, видеото на Тара веднаш стана вирално со милионски прегледи од целиот свет.

Минатата недела, во видео повик за Daily mail, 39 годишната мајка сподели дека конечно го победила вирусот и сега повторно може да дише, како и дека тие 14 дена додека била заразена со Ковид-19 биле „најлошите две недели во нејзиниот живот“.

Карен Манеринг, 39 годишна бремена жена и мајка на четири деца од Херни Беј, Кент, Велика Британија, без претходни заболувања

Карен Манеринг е во шестиот месец од својата бременост. Кај 39 годишната мајка на четири деца, се започнало со сува и конзистентна кашлица, а потоа и со температура. Симптомите и се развиле при почетокот на минатиот месец, а медицинскиот персонал сакал да не ја хоспитализира, поради бременоста. Сепак, тоа се сменило.

„Се јавив за да побарам итна помош и моето дишење звучеше многу лошо, што амбулантното возило пристигна на нашата домашна адреса за само неколку секунди“, објаснува Карен. „Буквално се борев за здив и веднаш ме ставија под кислорд“.

Карен сподели видео на нејзиниот фејсбук-профил и низ солзи апелираше до сите следбеници да останат дома: „Доколку одите да се сретнете со пријатели за глупаво пиво или тргнете на прошетка бидејќи времето е фино, ќе го понесете вирусот дома и на тој начин ќе убиете некого!“

Карен била позитивна на Ковид-19 на првото тестирање. Имала пневмонија на белите дробови и останала во болница една недела.

„Никој не смееше да дојде и да ме види. Бев многу осамена, се ми беше темно. Не можев никако да мрднам од креветот околу 3 дена. Кога требаше да ми ја променат постелнината, мораа да ме свртат“, сведочи мајката за BBC.

„Кога имав потешкотии со дишењето, го притискав тастерот за медицинска помош и морав да причекам персоналот да се опреми пред да може да влезе кај мене. Константно бев на телефонска линија со најбликите кои се обидуваа да ме смират. Бев премногу загрижена дека ќе умрам, а моето семејство почна да се подготвува и за најцрното сценарио. Се борев за секој здив, за мојот живот и животот на моето бебе“, признава таа.

Карен вели дека никогаш нема да го заборави чувството на ладниот воздух на нејзиното лице кога при крајот на март ја напуштила болницата: Со сопругот ја напуштивме болницата, ги ставивме маските на лицата и се возевме со отворени прозори во нашиот автомобил. Ветерот беше прекрасен. Наеднаш, почнав многу повеќе да ги ценам и најмалите нешта“.

Во моментов, таа е дома со нејзиното семесјтво, но изолирана е во друга соба, а се уште се мачи сос сува кашлица за која и рекле дека можеби ќе потрае и неколку месеци. Таа смета дека најверојатно се заразила во салонот за убавина каде работи, но вели дека никогаш нема да може да биде сигурна кога, каде и како всушност се заразила, но и зошто никој од нејзиното семејство не се заразил од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот